Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис повеќе не планира да носи фудбалери од Африка. Лаурентис, познат по своето специфично однесување, сега отиде чекор подалеку и изјави дека нема намера да носи уште африкански фудбалери, освен ако не потпишат договор со клубот и не се обврзат да не играат на Купот на Африканските нации.
Аурелио ова им го соопштил и на блиските соработници.
„Им реков – момци, немојте повеќе да ми зборувате за африканските фудбалери. Ги сакам, но или ќе потпишат документ според кој ќе се откажат од учеството на Африканскиот куп или никогаш нема да бидат во овој клуб. Додека се дел од квалификациите за СП во Јужна Америка, ние сме идиоти кои плаќаме плата само за да ги праќаме низ светот да играат за други“, потенцираше Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

