Сопственикот на Олимпијакос и Нотингаем Форест, Евангелос Маринакис, објави дека е заболен од коронавирус. Олимпијакос ќе се сретне со Вулверхемптон во осминафиналето во Лигата на Европа, а од грчкиот тим соопштија дека натпреварот ќе се одигра без присуство на навивачи.
„Заразен сум од коронавирус и се чувствувам должен да ја информирам јавноста поради тоа. Се чувствувам одлично, но ги преземам сите мерки со кои ме советуваа докторите. Им советувам на сите жители на Грција да ги преземат истите мерки, и им посакувам брзо опоравување“, изјави Маринакис.
Маринакис беше на „Емирејтс“ на 27. февруари на мечот во кој Олимпијакос го елиминираше Арсенал од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА