Сопственикот на ПСЖ, емирот од Катар Тамим бин Хамад Ал Тани е во редовен контакт со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан за неговата можност да го превземе парискиот клуб.
Но, има еден голем проблем во евентуалниот трансфер на Зи-Зу во Париз, а тоа е Леонардо. Спортскиот директор на ПСЖ наводно бил против идејата Зидан да биде дел од ПСЖ, поа дури и најави дека ќе си замине доколку тој дојде во клубот.
Засега Зидан е најсериозен наследник на Покетино, кој по завршувањето од сезоната веројатно ќе замине, особено ако Парижаните не успеат да ја освојат Лигата на шампионите. За Покетино како следна дестинација се споменува Манчестер Јунајтед, па дури и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

