Постигнат е договор помеѓу Пари Сен Жермен и Лионел Меси! Аргентинскиот напаѓач ќе биде новиот играч на „светците“, тврди сопственикот на парискиот клуб, Тамим бин Хамад ал Тани.
Ал Тани на својот Твитер профил објави дека преговорите се завршени и дека се ќе биде официјализирано наскоро.
Меси (34) во четвртокот официјално ја напушти Барселона, каде што порасна и ја помина целата своја кариера досега. Само еден ден подоцна, тој се согласил да се пресели во Париз, според тврдењето на Ал Тани.
Таму, повторно ќе соработува со Нејмар, поранешен соиграч од Барселона. Нема сомнение дека „светците“ со тројцата ќе го имаат „најсмртоносниот“ напад на светот.
Шесткратниот освојувач на Златната топка зад себе има 778 натпревари, 672 гола и 305 асистенции во Барселона, каде што освои се што можеше да се освои. Меѓу другото, тој освои десет трофеи во Ла Лига, седум Купови на Шпанија, како и четири титули во Лигата на шампиони.
Negotiations are officially concluded. And announce later #Messi #Paris_Saint_Germain pic.twitter.com/BxlmCfARII
— خلـــيفة بـــن حمـــد آلــ ثانــــــي (@khm_althani) August 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА