Сопственикот на Сити, шеикот Мансур првпат по 13 години ќе си го гледа клубот во живо!

Шеикот Мансур, сопственикот на Манчестер сити, по цели 13 години ќе го гледа својот клуб во живо, вечерва во Истанбул во финалето од Лигата на шампионите против Интер.

Мансур не присуствуваше ниту на финалето во 2021 против Челси во Порто. Цели 13 години не гледал натпревар во живо на Манчестер сити.

Шеикот последен пат Сити го гледал во 2010 година кога славеше со 3-0 противЛиверпул. Друштво на трибините ќе му прави претседателот на клубот, Калдон Ал-Мубарак, кој многу почесто е на натпреварите.

Мансур го купи клубот во 2008 година правејќи го еден од најдобрите во Европа, со повеќе од милијарда евра потрошени на трансфери кои му донесоа седум титули во Премиерлигата, три во ФА Купот, шест во Лига куповите и пласмани во Лигата на шампионите без прекин од 2012 година.

Се вчитува...