Сопствениците на Манчестер Сити купија и бразилски прволигаш

Компанијата „Сити Фудбал Груп“ која е сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Сити откупи 90 отсто од акциите од бразилскиот прволигаш Бахиа за 180 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Со тоа компанијата предводена од шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахијан и Калун Ал Мубаарек стана сопственик на 13 фудбалски клуб, составувајќи ја најголемата фудбалска групација во светот.

Покрај Манчестер Сити, СФГ има сто отстотна сопственост и на Мелбурн Сити, Монтевидео и Троја, 99 отсто сопственост на Ломел, а 80 осто сопственост во Палермо и Њујорк Сити. Компанијата има акции и во индискиот Мумбај, Џирона, Шичуан, Јокохома и Боливар.

Се вчитува...