Сопствениците на англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити наскоро треба да купат уште еден европски великан.
Според англиските медиуми богатите арапски соспственици предводени од шеикот Мансур бин Зајед, заинтересирани се за купување на белгискиот Андерлехт. Сопственикот на тимот од Брисел Марк Кук подготвен е да го продаде клубот, бидејќи сака да се посвети на други работи.
Покрај Манчестер сити, познатата ЦФГ групација е сопственик и на МЛС клубот Њујорк Сити, австралискиот Мелбурн сити и уругвајскиот Торкеа, а имаат и голем дел на акции во Жирона, Шичуан и Јокохама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА