Соработуваше со Анчелоти, Алегри, Мурињо, Лев – Кедира избра кој е најдобар

Германскиот интернационалец Сами Кедира во текот на кариерата имаше чест да соработува со голем број од најдобрите тренери во светот. Во клупскиот фудбал како член на Реал Мадрид беше воден од Жозе Мурињ и Карло Анчелоти, додека во Јувентус негов предводник беше Масимо Алегри. Во репрезентацијата на Германија со која го освои Светското првенство во 2014 година, селектор на „панцирите“ беше Јоаким Лев. Кедира откри според него кој е најдобар од оваа плејада неверојатни тренери.

„Во текот на кариерата имав среќа да соработувам со неверојатни тренери. Најмногу ме импресионираше Жозе Мурињо, бидејќи веруваше во мене. Најголемиот чекор во кариерата беше во 2010 кога од Штутгарт, преминав во Реал Мадрид. Мурињо ми помогна многу во кариерата. Поради неговата личност го сметам за најдобар“, изјави Кедира.

Мурињо и Кедира во Реал Мадрид соработуваа во периодот од 2010 до 2013 година. Заедно успеаја да ја освојат Ла лига, Купот на кралот и шпанскиот Суперкуп.

Се вчитува...