Реал Мадрид повторно ја разгледува опцијата за ангажман на Столе Димитриевски, како дел од потрагата за нов резервен чувар на мрежата на „кралскиот клуб“. Оваа информација ја пренесува весникот „Ас“, кој открива дека Македонецот се наоѓа на скратениот список на листа со желби на Карло Анчелоти, особено откако Давид Сорија ги одбил „кралевите“.
Имено, голманот на Хетафе беше главна желба на Анчелоти за резерва на Куртоа, начелно беше постигнат и договор меѓу двата мадридски клуба, но овој трансферот пропадна поради самиот Сорија. Имено, тој јасно ставил до знаење дека на себе не гледа како на резервен голман, бидејќи сака да продолжи да брани за Хетафе, децидно порачувајќи им на „кралевите“ дека нема намера да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Следен на листата со желби според „Ас“ е токму Димитриевски, кој влегува во последната година од договорот што го има со Рајо Валјекано. Ова значи дека тој би бил достапен за трансфер за околу три милиони евра, со што Столе би остварил мегатрансфер во кариерата, откако минатата година му пропадна можноста за преселба во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА