Атлетико Мадрид дојде до 12-тата победа во 20-тиот натпревар од шпанската Ла Лига, откако на домашен терен го совлада Алавес со минимални 1-0.
Човек на одлука беше Александар Сорлот, кој го постигна единствениот гол во втората минута од второто полувреме. Бариос асистираше, а Сорлот со глава го совлада Сивера, што беше конечен резултат.
Атлетико беше доминантен, имаше уште некоја шанса за поубедлив триумф. Симеоне и Алмада во првиот дел имаа прилики и порано да го отворат резултатот, а Алмада и во вториот дел имаше убава шанса. Баена во 70. минута ја погоди стативата, и така пропушти порано да го реши победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

