Сорлот го „распарчи“ Бриж, Атлетико во 1/8 финале во ЛШ (ВИДЕО)

Александер Сорлот е херојот на Атлетико Мадрид. Постигна „хет-трик“ во убедливиот триумф над Бриж од 4-1, и така го однесе својот тим во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, откако првиот меч заврши без победник 3-3.

Своето гол шоу Сорлот го почна во 23. минута, после големата грешка на Мињоле. Меѓутоа незгодниот Бриж успеа да се врати со голот на Ордонез. 

Само што почна вториот дел, Кардозо одново го однесе Атлетико во предност. Сорлот во 76. минута зголеми на три разлика, а својот „хет-трик“ Норвежанецот го комплетираше во 87. минута од средбата за конечен убедлив триумф.

Атлетико во 1/8 финалето може да се падне или со Тотенхем или со Ливерпул во ждрепка која ќе биде одржана во петок.

Се вчитува...