Сосед на Нејмар: Неговите забави се долги и бучни, траат до шест наутро

Сосед на Нејмар во Париз, проговори за забавите кои ги прави Бразилецот. Претходно се дозна дека фудбалерот на ПСЖ им оди на нерви на соседите поради честите забави, и поради тоа се пожалил и градоначалникот на Бугивал, предградие во Париз.

Еден од соседите по име Валентин, изјавил дека забавите на Бразилецот не се толку чести, но дека кога ги има се многу долги и бучни. Тој истакна дека роденденската забава минатата недела била само до 23:45 часот, а Бразилецот не ги вознемирувал многу соседите.

„Откако сум тука имаше 4-5 забави. И секогаш биле до шест наутро. Последен пат забава имаше по мечот Бразил – Тунис во Париз кога во 23 часот целиот бразилски тим пристигна во куќата на Нејмар. И тогаш видов луѓе како се движат во 6 наутро“, рече соседот.

Се вчитува...