Четири порази по ред за шампионот Струга ТЛ, а сега се пред нов тежок предизвик стружани. Денеска во „вонредното“ 22 коло на гости им доаѓа актуелниот лидер Шкендија, најсериозниот кандидат за освојувае на титулата во ПМФЛ. Со тоа ќе заврши вториот круг на Првата лига, во кои сигурно дека Шкендија ќе остане на првото место, без разлика на исходот од денешниот меч против Струга, со оглед дека има предност од пет бодови пред второпласираниот Силекс.
За Струга ова гостување доаѓа во многу лош момент, во моменти кога тимот е во сериозна резултатска криза, но стружани и онака веќе немаат шанси за титулата, па останува само преку Купот да се изборат за нов настап во Европа идното лето.
Интересно ќе биде и на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во близина на зградата на ФФМ. Таму се игра соседското дерби помеѓу Работнички и Вардар. Поради затворање на Националната Арена, овој меч практично се игра на неутрален терен. Двата тима се во добра форма, Работнички моментално на високото трето место, додека Вардар со „ремито“ против Беса падна на 10. позиција, и натаму се бори за својот опстанок.
Уште еден претендент за титула, тимот на Силекс има тешка задача. Гостува кај Беса, тим, пак, кој се бори за својот опстанок. Беса е во серија од две ремија, додека Силекс има реми, пораз и победа во пролетниот дел од сезоната, и натаму со шанси да се доближи до Шкендија на табелата.
АП Брера во битката за опстанок има тешка задача пред себе и дуел против Гостивар, кој мора да триумфира за да остане во игра за титулата. Пресметка за опстанок и во Битола, каде Пелистер го пречекува тимот на Воска Спорт.
ПРВА ЛИГА, 22. КОЛО
ДЕНЕСКА, 14:00 ЧАСОТ
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР
Гостивар: БЕСА – СИЛЕКС
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ
Скопје, ФФМ: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

