Сосема неочекувано: Тадиќ потпишува за Атлетико Мадрид?!

Душан Тадиќ предолго тактизира околу својата иднина по заминувањето од Фенербахче, а последните информации говорат дека српскиот ветеран се решил за сосема неочекуван избор – преселба во Атлетико Мадрид.

Големиот ас имаше на маса пребогата понуда од Црвена Звезда, сериозен интерес покажуваа и клубови од Швајцарија и Грција, но српски „Телеграф“ тврди дека Атлетико е клубот што ќе излезе како победник од трката по поранешниот капитен на српската репрезентација. Тимот на Диего Симеоне не беше досега поврзуван со Тадиќ, но веднаш штом стигнала понудата ветеранот решил да ја прифати – за да се обиде со уште еден предизвик на најголемата сцена, со Атлетико да се бори за титулата во Примера, но и повторно да заигра во Лигата на Шампионите.

Останува да се види дали овие најави ќе се реализираат, но она што е извесно – Атлетико е во потрага по напаѓач кој би бил резервна опција откако Кореа го напушти тимот, а Тадиќ делува како идеално решение за такво нешто.

Се вчитува...