Сосиедад ќе го предизвика Атлетико Мадрид во финалето на Копа дел реј

Фудбалерите на Реал Сосиедад се вторите патници во финалето на Копа дел реј, откако успеаја да ја одбранат предноста од еден гол од првиот меч против големиот ривал Атлетик Билбао.

Вечерашниот меч во Сан Себастијан очекувано беше тврд како и првиот одигран на „Сан Мамеш“ во кој повторно за еден гол беа подобри сино-белите. Голот за победа од 1-0 го постигна Oјарзабал од пенал во 87. минута.

Финалето во кое ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Реал Соседад е закажано за 18. април во Севилја.

Се вчитува...