СОСТАВ: Деби за Павле Атанасијевиќ и за Савревски

Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, реши да направи две измени во составот за денешниот меч од второто коло против Холандија.

Павле Атанасијевиќ ќе добие шанса за мундијалско деби откако бекот на Еурофарм Пелистер е вклучен во составот за овој натпревар, на местото на пивотот Костадин Петров.

Втората замена е онаа веќе најавената, по повредата што против Норвешка ја заработи Јагуриновски, на негово место во составот е вклучен нов десен бек, Давид Савревски, кој во текот на вчерашниот ден пристигна во Краков и веднаш ќе биде на теренот на „Таурон Арена“.

Се вчитува...