СОСТАВ: Македонија со една измена за мечот со Германија

ЕКИПА во Берлин,

Стеван Цаневски

Селекторот Кире Лазаров се реши за една измена во составот на Македонија за вечерашниот меч со Германија, во однос на премиерниот дуел во кој нашата национална селекција загуби од Франција.

Игор Георгиев ќе биде дел од националниот тим вечерва против Германците, откако овој ракометар доби шанса во составот, откако првиот меч го проследи од трибините во Дизелдорф.

Георгиев ќе го заземе местото на Савревски, кој воопшто не влезе во игра против Французите, а за вечерашниот меч воопшто нема да биде во комбинација за влегување во терен.

Македонија ќе настапи на мечот со Германија во состав: Митревски, Томовски, Омерагиќ, Велковски, Митев, Талески, Маркоски, Кузмановски, Ненад Костески, Никола Костески, Пешевски, Лазаревски, Јагуриновски, Џонов, Атанасијевиќ, Георгиев.

Се вчитува...