Жозе Мурињо сосема очекувано се реши за нешто подефанзивна формација на Манчестер јунајтед на стартот од вечерашниот Суперкуп на Европа против Реал Мадрид.
Така, Лингард доби предност на крилната позиција пред Марсијал и Рашфорд, на клупата остана и Хуан Мата, но затоа во стартниот тим имаше место за Матиќ, кој заедно со Ерера ќе води битка на средината со Крос и со Модриќ.
Во отсуство на суспендираните Бејли и Џонс улогата на централни дефанзивци им припаѓа на Линделоф и Смолинг, додека покрај Лингард, поддршка за најистурениот Ромелу Лукаку ќе биде Мхитаријан, кој играше одлично на последните контролни средби.
СОСТАВ МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Валенсија, Дармијан, Линделоф, Смолинг, Ерера, Матиќ,, Погба, Лингард, Мхитаријан, Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА