ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Селекторот Кире Лазаров беше принуден да направи замена во составот за дуелот со Швајцарија, откако Никола Митревски заработи незгодна повреда поради која нашиот прв голман ќе мора да отсуствува одреден период од терените.
Искусниот голман кој беше стартер на првите две средби се пожлил на болка во мускулот, а деталните лекарски прегледи покажале сериозен проблем, накупнат бутен мускул на две места. Поради тоа Митревски нема да може да настапи вечерва против Швајцарија, а голема е веројатноста дека нашиот голман ќе паузира извесен дел и од продолжението на сезоната со Порто.
На местото на Митревски во составот е вклучен Марко Кизиќ, а се очекува стартен голман на мечот со Швајцарија да биде Мартин Томовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА