СОСТАВ РЕАЛ: Зидан пресече, Роналдо остана на клупата

Зинедин Зидан реши да го остави Кристијано Роналдо на клупата за резерви на почетокот од вечерашниот спектакл во Скопје, мечот од Суперкупот на Европа против Манчестер јунајтед.

Иако Португалецот истакнуваше дека е подготвен, Зидан сепак реши да не ризикува и да го вклучи во тимот по само три дена заеднички тренинзи. Затоа пак шанса меѓу првите единаесетмина доби Герет Бејл, со што „кралевите“ ставаат до знаење дека сериозно сметаат на Велшанецот кого немаат намера да го продадат во текот на овој преоден рок.

Реал Мадрид ќе истрча на вечерашниот меч со следните единаесетмина: Навас, Карвахал, Марсело, Рамос, Варан, Кашемиро, Модриќ, Крос, Иско, Бејл, Бензема.

Се вчитува...