Атлетико Мадрид ќе тргне офанзивно од самиот почеток од вечерашното финале во Лигата на Европа, откако Диего Симеоне се реши за напаѓачки стартни единаесетмина. Покрај Диего Коста и Гризман, шанса од првата минута во Лион ќе добие и Аргентинецот Кореа, поддржан од Коке и Саул Нигез. Поради повреда веќе извесно време во аут се бековите Хуанфран и Фелипе Луис, во чие отсуство стартери вечерва ќе бидат Врсаљко и Лукас.
Олимпик Марсеј во стартниот тим ќе го нема најдобиот напаѓач Окампос, чие место ќе му припадне на Жермен. Тренерот Гарсија e принуден да го пресели и Луиз Густаво во последната одбранбена линија, па во средниот ред битка со борбените „јорганџии“ ќе водат Сансон и Ангуиса.
АТЛЕТИКО МАДРИД – ОЛИМПИК МАРСЕЈ
АТЛЕТИКО: Облак, Врсаљко, Хименез, Годин, Лукас, Габи, Коке, Саул Нигез, Кореа, Гризман, Диего Коста.
ОЛИМПИК: Манданда, Сар, Рами, Амави, Луиз Густаво, Сансон, Ангуиса, Паје, Тован, Окампос, Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА