СОСТАВИ: Франција ќе го напаѓа Мароко без Адриен Рабио

Селекторите на Франција и Мароко ги објавија стартните состави со кои двете репрезентации ќе истрчаат на вечерашниот натпревар од второто полуфинале на Светското првенство во Катар.

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп направи две замени од мечот со Англија. На местото на Адриен Рабио во средината на теренот ќе се најде фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана, додека Упамекано ќе го менува Конате.

Од друга страна селекторот на Мароко Валид Реграгуи се одлучи да стартува со Саис. Натпреварот е со почеток во 20 часот.

 

Се вчитува...