СОСТАВИ: Хрватска без Брозовиќ ќе напаѓа втора мундијалска бронза

Познати се составите со кои ќе истрчаат репрезентациите на Хрватска и Мароко во натпреварот за третото место на 22. Светско првенство кое се игра во Катар.

Селекторот на „коцкестите“ Златко Далиќ се одлучи на овој меч да му даде одмор на Марцело Брозовиќ кој целиот шампионат го одигра на едно високо ниво. На негово место од првата минута ќе стартува младиот Ловро Мајер. Во првиот тим на Хрватска се најдоа и Марко Ливаја, Јосип Станишиќ и Јосип Шутало.

Од друга страна селекторот на Мароко, Реграгуи нема да може да смета на бекот на Баерн Минхен, Нусер Мазрауи.

 

 

Се вчитува...