Шкендија најавува максимална мотивираност на вечерашното гостување против Рајо Валјекано (18.45 часот) во првото коло од Конференциската лига на УЕФА, исторски прв меч на тетовскиот клуб во главната фаза од едно европско натпреварување.
Ждрепката сакаше првиот меч за тетовци да биде и оној најтешкиот, ако се знае дека Рајо е дел од силната шпанска Ла Лига, а нашите клубови традиционално минуваат лошо против ривалите од Примера.
Тренерот на тетовци, Јетон Беќири ги избра 11 со кои ќе настапи на првиот историски натпревар во Конференциската лига. Тимот ќе го предводи најдобриот напаѓач во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими, а друштво ќе му прават Латифи, Тамба и Красничи.
ШКЕНДИЈА: Гаје, Вебстер, Цаке, Фетаи, Трумчи, Ќака, Рамадани, Латифи, Тамба, Краснични, Бесарт Ибраими
РАЈО ВАЛЈЕКАНО: Батаља, Балилу, Лежеун, Вертроу, Пача, Лопез, Гумбау, Трехо, Перез, Камело, Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

