СОСТАВИ ЛШ: Клоп и Ди Франческо без изненадувања во стартните тимови

Двајцата тренери Јирген Клоп и Еузебио ди Франческо не се решија за некое изненадување во последен момент, па двата тима ќе истрчаат во своите претходно најавени состави на стартот од првиот полуфинален меч на „Енфилд роуд“.

Ливерпул ќе биде предводен од Мохамед Салах, а дополнителен мотив за египетскиот ас ќе биде настапот против неговиот поранешен клуб. Робертсон, Трент Арнолд, Осклејд Чембрлен и Фирмино се враќаат во стартниот тим откако беа резерви на саботниот дуел со ВБА, така што „црвените“ со својот најсилен тим ќе се обидат да стигнат до предност пред реваншот во Рим.

На спротивната страна, Ди Франческо очекувано се реши Ундер да му биде поддршка на Џеко, по одличните настапи на младиот турски фудбалер во последно време. Клучна сепак ќе биде одбраната на „волчицата“, каде тренерот на Рома се реши за тројца играчи во линија, кои ќе треба да го запрат атомското трио на домаќините, Салах – Мане – Фирмино.

ЛИВЕРПУЛ – РОМА

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Трент Арнолд, Робертсон, Ван Дајк, Ловрен, Милнер, Хендерсон, Окслејд Чембрлен, Мане, Салах, Фирмино.

РОМА: Алисон Бекер, Фацио, Манолас, Жесус, Флоренци, Коларов, Де Роси, Стротман, Наинголан, Ундер, Џеко.

Се вчитува...