СОСТАВИ ЛИГА НА НАЦИИ: Модриќ ќе ја води Хрватска кон ново финале

Фудбалските репрезентации на Холандија и Хрватска за нешто помалку од еден час ќе го почнат првото полуфинале од годинашното издание на завршниот турнир во Лигата на нации.

Селекторите на двете репрезентации Роналд Куман и Златко Далиќ на овој меч ќе излезат со своите најдобри фудбалери и без никакви изненадувања.

Холандија во нападот ќе стартува со триото Maлен, Гакпо и Симонс, додека Хрватска повторно ќе ја предводи Лука Модриќ.

Претходно како што беше познато Куман не може да смета на Депај, додека во Хрватска по пауза од 365 дена ќе го нема Јошко Гвардиол.

Натпреварот кој ќе се игра на „Де Кујп“ во Ротердам е со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...