Диего Симеоне се реши за офанзивна стартна постава за вечерашниот натпревар од ЛШ меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Кевин Гамеиро, кој се врати по повредата и беше одличен на саботниот дуел со Лас Палмас, ќе го предводи нападот на „јорганџиите“ помогнат од Гризман и од Караско. Во ситуација кога нема класичен десен бек на располагање, Симеоне го избра Савиќ за оваа позиција, при што местото на Црногорецот во срцето на одбраната ќе го пополни Лукас.
Во составот на Реал Мадрид нема поголеми изненадувања, Иско го зазема местото на повредениот Герет Бејл, а голем плус за „кралевите“ би требало да биде враќањето на Рафаел Варан.
СОСТАВИ
РЕАЛ МАДРИД: Навас, Карвахал, Марсело, Варан, Рамос, Кашемиро, Модриќ, Крос, Иско, Бензема, Роналдо.
АТЛЕТИКО МАДРИД: Облак, Савиќ, Лукас, Годин, Филипе Луис, Габи, Саул, Коке, Караско, Гризман, Гамеиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА