СОСТАВИ ЛШ: Баерн со Чупо Мотинг, но без Милер ќе го нападне Сити

Баерн Минхен има негатива од три гола од првиот меч со Манчестер Сити, па јасно е дека Томас Тухел нема многу простор за маневар, туку ќе мора од самиот почеток да тргне во офанзива кон голот на Едерсон. Добра вест е камбекот на Чупо Мотинг, кој би требало да биде предводник на нападот откако ги надмина проблемите со незгодната повреда на коленото поради која го пропушти мечот во Манчестер.

Во тимот ќе го нема еден од најискусните во германскиот тим Томас Милер, а друштво на Чупо Мотинг во нападот ќе му прават Коман, Сане и Мусиала.

Од друга страна Пеп Гвардиола ќе тргне во нападот со Силва, Де Бруине, Грилиш и Халанд, а во одбраната Аканџи ќе добие шанса пред Кајл Вокер.

БАЕРН М. – МАН. СИТИ

БАЕРН: Зомер, Павар, Де Лихт, Упамекано, Кансело, Кимих, Мусиала, Сане, Горецка, Коман, Чупо Мотинг.

МАН. СИТИ: Едерсон, Аканџи, Дијаз, Аке, Стоунс, Родри, Силва, Гундоган, Де Бруине, Грилиш, Халанд.

ИНТЕР – БЕНФИКА

ИНТЕР: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Димарко, Мкхтаријан, Џеко, Мартинез.

БЕНФИКА: Влаходимос, Жилберто, Антонио Силва, Отаменди, Грималдо, Флорентино, Чикињо, Аурснес, Рафа Силва, Жоао Марио, Рамос.

Се вчитува...