СОСТАВИ ЛШ: Баерн со Левандовски, „бункер“ на Симеоне во Лестер

Баерн Минхен ќе биде значително засилен за вечерашниот реванш против Реал Мадрид откако Роберт Левандовски ги надмина проблемите со повредата на рамото и ќе настапи од првата минута на „Сантијаго Бернабеу“. Тој ќе го заземе местото на Томас Милер, кој се сели на клупата за резерви, а голем плус за Баерн е и враќањето на Хумелс и Боатенг, кои ќе имаат за задача да ги запрат Роналдо и Бензема.

Кај Реал Мадрид очекувано има само една замена во однос на дуелот во Минхен минатата седмица, на местото на суспендираниот Бејл шанса добива Иско.

Диего Симеоне се реши за дефанзивна формација на гостувањето против Лестер. Гамеиро е „фит“, но нема да стартува, а на клупата се сели Фернандо Торес, па најистурен во нападот ќе биде Гризман, помогнат од Караско. Кај Лестер се уште го нема капитенот Вес Морган, па како и на првиот меч во Мадрид повторно друштво на Хут во срцето на одбраната ќе му прави Банелуан.

РЕАЛ М. – БАЕРН М.

РЕАЛ: Навас, Карвахал, Рамос, Начо, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Иско, Роналдо, Бензема.

БАЕРН: Нојер, Лам, Хумелс, Боатенг, Алаба, Алонсо, Тијаго, Видал, Рибеир, Робен, Левандовски.

ЛЕСТЕР – АТЛЕТИКО М.

ЛЕСТЕР: Шмајхел, Симпсон, Морган, Банелуан, Фукс, Ндиди, Дринквотер, Олбрајтон Оказаки, Марез, Варди.

АТЛЕТИКО: Облак, Хуанфран, Филипе Луис, Годин, Савиќ, Хименез, Габи, Коке, Саул Нигез, Караско, Гризман.

Се вчитува...