СОСТАВИ ЛШ: Дембеле се најде на клупата на „Паркот на принцовите“

Фудбалерите на Пари Сен Жермен за нешто помалку од еден час на домашен терен ќе го пречекаат Арсенал во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

По првиот меч „светците“ имаат позитива откако пред седум дена на „Емирејтс“ славеа со 0-1. Усман Дембеле кој имаше проблеми со повреда иако е во официјалниот записник, нема да стартува од првата минута на „Паркот на принцовите“.

 Луис Енрике во нападот на овој меч ќе тргне со Квараскелија, Баркола и Дуе. Од друга страна Микел Артета се одлучи за Мерино пред Тросард, а друштво во нападот ќе му прават Сака и Мартинели.

ПСЖ: Донарума, Мендеш, Пачо, Маркињос, Хакими, Руиз, Витиња, Невеш, Баркола, Дуе и Квараскелија.

АРСЕНАЛ: Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скејли, Одегард, Рајс, Парти, Сака, Мартинели, Мерино.

Се вчитува...