Со шест натпревари вечерва од 21 часот ќе се затвори премиерното коло во новата сезона во фудбалската Лига на шампиони.
Дербито на вечерта се игра во Минхен, каде домашниот Баерн ќе го пречека Манчестер јунајтед. Ерик тен Хаг кој се соочува со големи проблеми поради големиот број повредени играчи во тимот, сепак се уште нема доверба во Хари Мегваер. И покрај очајната партија на Линделоф и Мартинез во поразот од Брајтон (1-3) оваа двојка ќе го стартува и овој меч во одбраната на „црвените-ѓаволи“, откако непосредно пред мечот се појави информација дека и Мегваер поради повреда ќе мора да го пропушти овој меч.
Најдобриот македонски фудбалер Елиф Елмас со неговиот Наполи ќе гостува на португалската Брага. Нашиот дијамант овој меч ќе го стартува од клупата за резерви.
ГРУПА А
БАЕРН М. – МАНЧЕСТЕР Ј.
Баерн: Улрих, Лајмер, Упамекано, Ким, Дејвис, Кимих, Горецка, Сане, Мусиала, Гнабри, Кејн.
Манчестер: Онана, Далот, Линделоф, Мартинез, Регилон, Кашемиро, Пелистри, Фернандес, Ериксен, Рашфорд, Хојлунд.
ГРУПА Б
АРСЕНАЛ – ПСВ АЈНДХОВЕН
АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Зинченко, Рајс, Едегард, Хаверц, Сака, Тросар, Жезус.
ПСВ АЈНДХОВЕН: Бенитез, Дест, Боскаљи, Бела-Кочап, Тезе, Шутен, Салибари, Ферман, Бакајоко, Ланг, Де Јонг.
СЕВИЛЈА – ЛЕНС
СЕВИЛЈА: Дмитровиќ, Санчес, Гудељ, Рамос, Педроза, Соу, Фернандо, Ракитиќ, Ламела, Ен Несири, Окампос.
ЛЕНС: Самба, Градит, Дансо, Медина, Франковски, Мачадо, Менди, Абдул Самед, Сотока, Вахи, Фулгини.
ГРУПА Ц
БРАГА – НАПОЛИ
БРАГА: Матеус, Борја, Фонте, Ниакате, Гомез, Ал Мусрати, Карвалјо, Брума, Џало, Хорта, Руиз.
НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Хесус, Оливера, Ангиса, Лоботка, Зиелински, Политано, Кварацкелија, Осимен.
ГРУПА Д
БЕНФИКА – САЛЦБУРГ
БЕНФИКА: Трубин, Бах, Антонио, Отаменди, Аурснес, Невеш, Кокчу, Жоао Марио, Ди Марија, Муса, Рафа Силва.
САЛЦБУРГ: Шлагер, Дедиќ, Баидо, Павловиќ, Терзиќ, Бидструп, Гурна Дуат, Кјергард, Глук, Шимиќ, Конате.
РЕАЛ СОСИЕДАД – ИНТЕР
Р. СОСИЕДАД: Ремиро, Траоре, Зубелида, Ле Норман, Тирни, Мендез, Зујбименди, Мерино, Баренечеа, Кубо, Ојарзабал.
ИНТЕР: Зомер, Павар, Де Фрај, Бастони, Дамфрис, Карлос Аугусто, Аслани, Барела, Мкхтаријан, Арнатуовиќ, Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

