Манчестер сити ќе го нападне Монако со Серхио Агуеро како централен напаѓач, а од страничните позиции во навалниот ред ќе делуваат Сане и Стерлинг. Но, и Монако има соодветен одговор со Радамел Фалкао и брзиот Мбапе. Ова се официјалните состави за вечерашните два натпревари од Лигата на шампионите.
Во средниот ред на „граѓаните“ се Јаја Туре и Давид Силва како организатори на играта, и Кевин Де Бруин, кој ќе делува зад Агуеро. Во Монако, Бернардо Силва е играчот околу кој се врати креацијата во тимот.
Во Леверкузен, со целосен арсенал и Баер и Атлетико Мадрид. Освен суспендираниот Чалханоглу, кој нема да игра до крајот на сезоната, Баер Леверкузен напаѓа со Брант, Белараби и Чичарито Хернандез. Но, и одговорот на Атлетико Мадрид е соодветен. Во нападот се Гризман и Гамеиро, а од позадина ќе делуваат Караско и Саул…
МАНЧЕСТЕР СИТИ – МОНАКО
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Кабалјеро, Сања, Отаменди, Стоунс, Фернандињо, Туре, Силва, Сане, Стерлинг, Де Бруин, Агуеро.
МОНАКО: Субашиќ, Фабињо, Бакајоко, Сидибе, Раги, Глик, Менди, Лемар, Бернардо Силва, Мбапе, Фалкао.
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – АТЛЕТИКО МАДРИД
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН: Лено, Драговиќ, Арангуиз, Хаверц, Топрак, Хенрикс, Вендел, Кампл, Брант, Белараби, Хернандез.
АТЛЕТИКО МАДРИД: Моја, Врсаљко, Савиќ, Хименез, Филипе Луис, Габи, Саул, Коке, Караско, Гамеиро, Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА