Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Интер вечерва ќе се сретнат во Минхен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
Парижаните ќе се обидат да го освојат првиот трофеј во историјата и да ја комплетираат „триплетата“, додека „нероаѕурите“ сакаат да ја „спасат сезоната“ по неуспехот на домашната сцена.
Двајцата тренери на неполн час пред почетокот на мечот ги открија картите за вечерашните мечеви. Симоне Инзаги без изненадувања ќе тргне од првата минута, додека кај ПСЖ Дуе доби шанса пред Баркола.
ИНТЕР: Зомер, Павар, Ачерби, Бастони, Думфрис, Димарко, Мкхтаријан, Чалханоглу, Барела, Турам, Лаутаро Мартинез.
ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш, Невеш, Витиња, Фабијан Руиз, Квараскелија, Дуе, Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

