Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да менува ништо на тактички план во однос на првиот полуфинален дуел со Монако. Алегри единствената дилема ја разреши попладнево – повторно играјќи со тројца во линија како и на „Луј втори“ минатата седмица, давајќи му предност на Барзалји во однос на далеку поофанзивниот Квадрадо.
Единствената промена во составот на Јуве во однос на тој прв натпревар е вклучувањето на Кедира, кој се враќа по суспензијата и ќе го заземе местото на Маркизио.
Кај Монако изненадувачки делува отсуството на Лемар, одличниот крилен офанзивец кој сигурно ќе недостига во ситуација кога се брка негатива од два погодоци. Жардим сепак реши да му даде предност на Мутињо, за нешто погуст среден ред во битката со „црно-белите“.
ЈУВЕНТУС: Буфон, Дани Алвеш, Алекс Сандро, Бонучи, Кјелини, Барзалји, Пјаниќ, Кедира, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.
МОНАКО: Субашиќ, Жемерсон, Глик, Раџи, Сидибе, Дирар, Бакајоко, Мутињо, Силва, Фалкао, Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА