СОСТАВИ ЛШ: Јуве во офанзива, Маскерано го менува Бускетс

И Масимилијано Алегри и Луис Енрике приредија изненадувања околу составите на Јувентус и Барселона на вечерашното четвртфинале од Лигата на шампионите во Торино. Тренерот на Јувентус реши да ја промени вообичаената формација со тројца дефанзивци во линија, па покрај Кјелини и Бонучи во последната дефанзива ќе бидат Бразилците Дани Алвеш и Алекс Сандро. Јуве подготвува голема офанзива, па покрај незаменливите Дибала и Игуаин во стартниот тим се и Манџукиќ и Квадрадо, се со цел да им се создадат што повеќе проблеми на дефанзивците на Барселона.

Луис Енрике изненади многумина со одлуката повторно да стартува со Матиу, иако францускиот дефанзивец одигра очајно во саботата против Малага. Сепак, екс-фудбалерот на Валенсија ќе се најде во последната одбранбена линија, се со цел Маскерано да биде преселен на позицијата последен играч за врска, на местото на суспендираниот Бускетс.

ЈУВЕНТУС – БАРСЕЛОНА

ЈУВЕНТУС: Буфон, Алвеш, Бонучи, Кјелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Кедира, Квадрадо, Манџукиќ, Дибала, Игуаин.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Пике, Умтити, Матиу, Роберто, Маскерано, Ракитиќ, Иниеста, Суарез, Меси, Нејмар.

Се вчитува...