Монако го пречекува Јувентус на „Луј Втори“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Кнезовите“ напаѓаат со Фалкао и Мбапе, а италијанскиот првак Јувентус со своето ударно трио Дибала – Манџукиќ – Игуаин.
Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, малку ја смени формацијата и одлучи да не го вклучи Квадрадо во првиот состав, а на десната страна ќе биде единствено Дани Алвеш. Меѓу централните дефанзивци е вметнат и третиот, Барѕалји, заедно со Бонучи и Кјелини. На местото на суспендираниот Кадира, во тимот е Маркисио.
МОНАКО – ЈУВЕНТУС
Монако: Субашиќ, Дирар, Глик, Жемерсон, Сидибе, Лемар, Фабињо, Бакајоко, Бернардо Силва, Фалкао, Мбапе.
Јувентус: Буфон, Дани Алвеш, Барѕалји, Бонучи, Кјелини, Алекс Сандро, Маркисио, Пјаниќ, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА