Со дуелите меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид и Баерн Минхен – Арсенал вечерва ќе бидат познати последните патници во полуфиналето во Лигата на шампионите.
За разлика од првиот меч во Мадрид, кога Пеп Гвардиола се одлучи Кевин де Бруине да го остави на клупата, вечерва одличниот стратег ќе стартува со Белгиецот во почетните 11. Карло Анчелоти на овој меч покрај повредените Куртоа и Алаба, нема да смета и на одличниот Чуамени кој поради жолти картони ќе мора да го пропушти дуелот на „Етихад“.
Томас Тухел ќе се обиде да го изненади Арсенал со Гереиро како поофанзивен откако се одлучи да на клупата да го остави Томас Милер. Од друга страна Артета нема нишо да експериментира и ќе го почне мечот со најдобрите 11 кои ги има.
БАЕРН М. – АРСЕНАЛ
БАЕРН: Нојер, Кимих, Де Лихт, Дајер, Мазрауи, Лајмер, Горецка, Сане, Гереиро, Мусиала, Кејн.
АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Томијасу, Жоржињо, Рајс, Едегард, Хаверц, Сака, Мартинели.
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Аканжи, Дијаз, Гвардиол, Родри, Де Бруине, Силва, Грилиш, Фоден, Халанд.
РЕАЛ МАДРИД: Лунин, Карвахал, Начо, Ридигер, Менди, Валверде, Крос, Камавинга, Белингем, Винисиус, Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА