СОСТАВИ ЛШ: ПСЖ на „француски погон“ ќе ја нападне Борусија Дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд вечерва на домашен терен ќе го пречекаат Пари Сен Жермен во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Гостите од Париз на француски погон ќе го нападнат вечерашниот противник, откако Луис Енрике се одлучи во нападот да стартува со триото Баркола-Дембеле-Мбапе.

Од друга страна стратегот на домашните Един Терзиќ во нападот се одлучи за Санчо, Адејеми и Филкруг.

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН

БОРУСИЈА ДОРТМУНД: Кобел, Хумелс, Шлотербек, Раерсон, Чан, Матсен, Сабицер, Санчо, Брандт, Адејеми, Филкруг.

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН: Донарума, Хакими, Хернандез, Маркињос, Мендеш, Витиња, Руиз, Заире Емери, Дембеле, Баркола, Мбапе.

Се вчитува...