ПСЖ ќе брка негатива од еден гол на „Алијанц Арена“ против Баерн, кој игра во одлична форма во последниот месец. Денешниот дуел во Минхен, против исклучително силен ривал, ќе биде идеална можност за на дело да се види – дали ПСЖ навистина игра подобро кога го нема Нејмар во тимот, па сите погледи се насочени кон Меси и Мбапе кои ќе го предводат нападот на вечерашниот меч во Минхен.
Во вториот денешен натпревар Тотенхем ќе го пречека Милан, меч за кој на клупата на лондонскиот премиерлигаш ќе се врати Антонио Конте. „Спарси“ тргнуваат офанзивносо Кулушевски, Сон и Кејн меѓу првите единаесетмина, додека гостите ќе тргнат во напад со Жиру и покрај тоа што се жалеше на ситна повреда.
БАЕРН М. – ПСЖ
БАЕРН: Зомер, Станишиќ, Упамекано, Де Лихт, Дејвис, Кимих, Горецка, Коман, Милер, Мусиала, Чупо Мотинг.
ПСЖ: Донарума, Рамос, Маркињос, Данило, Хакими, Мендеш, Верати, Руиз, Витиња, Меси, Мбапе.
ТОТЕНХЕМ – МИЛАН
ТОТЕНХЕМ: Форстер, Ромеро, Ленгле, Дејвис, Емерсон, Скип, Хојбгерг, Перишиќ, Кулушевски, Кејн, Сон.
МИЛАН: Мењон, Калулу, Тиав, Томори, Хернандез, Тонали, Круниќ, Месајас, Дијаз, Леао, Жиру.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

