СОСТАВИ ЛШ: Венгер го избра Велбек пред Жиру

Арсен Венгер изненадувачки се реши за стартен тим без Оливие Жиру на вечерашниот реванш дуел со Баерн Минхен. Арсенал мора да постигне најмалку четири гола за пласман во следната рунда, се очекуваше Жиру сигурно да се најде во нападот крај Алексис Санчез, но францускиот стратег го остави својот сонародник на клупата, давајќи му предност пред него на Дени Велбек.

Карло Анчелоти се реши повторно да го остави Томас Милер на клупата за резерви, откако формацијата со Тијаго како полушпиц зад Левандовски се покажа како целосен погодок на првиот меч со Арсенал.

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, ќе се обиде со брзоноги офанзивци да им создаде проблеми на фудбалерите на Реал. Мертенс ќе биде најистурен во навалната линија, помогнат од Инсиње и од Калјехон, што значи дека Милик и овој меч ќе го стартува од клупата за резерви.

На спротивната страна, Зинедин Зидан се реши за стандардните единаесетмина, со тоа што искусниот Пепе го зазеде местото во одбранбената линија на повредениот Варан.

НАПОЛИ – РЕАЛ М.

НАПОЛИ: Реина, Хисај, Гулам, Албиол, Кулибали, Алан, Диавара, Хамшик, Калјехон, Инсиње, Мертенс.

РЕАЛ: Навас, Карвахал, Марсело, Рамос, Пепе, Кашемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Роналдо, Бензема.

АРСЕНАЛ – БАЕРН М.

АРСЕНАЛ: Оспина, Белерин, Монреал, Мустафи Кошиелни, Рамзи, Џака, Окслејд Чембрлен, Велбек, Алексис Санчез.

БАЕРН: Нојер, Рафиња, Алаба, Хави Мартинез, Хумелс, Чаби Алонсо, Видал, Тијаго Алкантара, Рибери, Робен, Левандовски.

Се вчитува...