ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонската репрезентација ќе биде во комплетен состав за денешниот дуел со Португалија, беше потврдено со излегувањето на официјалните состави на двете селекции за овој меч што се игра на „Јиске Банк Боксен“ арената.
Никола Митревски и Жарко Пешевски, кој поади ситни повреди не настапија против Данска, денеска ќе бидат во тимот и сигурно ќе бидат меѓу лидерите во обидот да се стигне до прва победа на шампионатот.
Двајцата ракометари на Е. Пелистер ќе ги заземат местата на Иван Галевски и на Самоил Ристевски, кои заедно со Дамјан Митев денешниот меч ќе го проследат од трибините на арената во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

