Селекторите Игор Ангеловски и Хулен Лопетеги немаа поголеми изненадувања во составите што ќе се појават од првата минута на вечерашноит квалификациски натревар меѓу Македонија и Шпанија. Во ситуација кога играме со извонредна офанзивна селекција, македонскиот кормилар неслучајно се реши за нешто позатворена варијанта. Тошевски ќе добие шанса во стартниот тим на местото на повредениот Хасани, додека во нападот најистурен ќе биде Илија Несторовски, со помош од Пандев и од Алиоски.
На спротивната страна, Лопетеги ги разреши дилемите околу нападот давајќи му предност на Диего Коста пред Алваро Мората. Шанса во стартниот тим добива и Иско, кој имаше извонреден финиш на сезоната со Реал Мадрид, па ќе го заземе местото меѓу единаесетмината што вообичаено му припаѓа на Витоло.
МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Тошевски, Мојсов, Шиков, Ристевски, Ристовски, Стјепановиќ, Спировски, Алиоски, Пандев, Несторовски.
ШПАНИЈА: Де Хеа, Алба, Карвахал, Рамос, Пике, Бускетс, Тијаго, Иниеста, Иско, Давид Силва, Диего Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА