Состави: Пикси ќе пука со сите оружја против Швајцарија

Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси го исполни ветувањето дека против Швајцарија ќе тргне ултра-офанзивно, па така „орлите“ вечерва за првпат ќе стартуваат еден мундијалски меч во Катар со двајца класични напаѓачи во составот. Душан Влаховиќ е фит и ќе му прави друштво на Александар Митровиќ, а покрај нив Србија во своите редови ќе ги има и Тадиќ од Ајакс, како и секогаш офанзивните Костиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

На спротивната страна, Швајцарија има проблеми со составот откако поради болест отпаднаа голманот Зомер и стандардниот дефанзивец Елведи, чии места во стартниот тим ќе ги заземат Кобел од Борусија Дортмунд и Шер од Њукасл.

СРБИЈА: Вања Милинковиќ Савиќ, Миленковиќ, Вељковиќ, Павловиќ, Лукиќ, Жовковиќ, Костиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Тадиќ, Влаховиќ, Митровиќ.

ШВАЈЦАРИЈА: Кобел, Видмер, Аканжи, Шер, Родригез, Фројлер, Џака, Сов, Шаќири, Варгас, Емболо.

Се вчитува...