Шпанија и Грузија вечерва од 21 часот на арената во Келн ќе го одиграат својот осминафинален натпревар на Европскиот шампионат во Германија.
Двајцата селектори на овој меч Де ла Фуенте и Вили Сањол се одлучија со најдобрите играчи да истрчаат на теренот. Нападот во Шпанија ќе го сочинуваат Нико Вилијамс, Јамал и Мората.
Предводник на Грузија ќе биде Квараскелија, а друштво во нападот ќе му прави најдобриот стрелец досега на шампионатот Микаутадзе.
Шпанија: Симон, Карвахал, Ле Норман, Лапорте, Кукуреља, Педри, Родри, Руиз, Јамал, Мората, Вилијамс
Грузија (5-3-2): Мамардашвили, Какабадзе, Гвелесијани, Кашија, Двали, Лочосвили, Чакветадзе, Китеишвили, Кочорашвили, Микаутадзе, Кварацкелија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА