Состави за дербито: Пиоли го седна Леао на клупата и ја промени формацијата

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изненади со изборот на стартните единаесетмина за големото дерби со градскиот ривал Интер. Рафаел Леао, кој беше меѓу најзаслужните за освоеното скудето минатата сезона, овој дуел ќе го почне од клупата за резерви, откако Пиоли реши предност пред него да му даде на Дивок Ориги.

Тренерот на Милан исто така ја промени целосно формацијата, па „росонерите“ за првпат сезонава ќе стартуваат со тројца дефанзивци во линија.

На спротивната страна, Интер ќе биде со своите најдобри единаесетмина во моментов, ќе недостига само повредениот Брозовиќ, додека во нападот Един Џеко повторно добива предност пред Ромелу Лукаку.

ИНТЕР: Онана, Шкринијар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Димарко, Барела, Чалханоглу, Мхитаријан, Џеко, Лаутаро Мартинез.

МИЛАН: Татарушану, Калулу, Кјаер, Габија, Калабрија, Месијас, Тонали, Круниќ, Хернандез, Ориги, Жиру.

Се вчитува...