Барселона попладнево се обиде да ги изненади ривалите вклучувајќи ги Левандовски, Рафиња и Кунде на списокот на играчи за дербито со Реал Мадрид.
Сепак, во почетниот состав на каталонците нема ниту еден од овие тројца фудбалери, Чави очигледно не сака да ризикува, па дуелот ќе го почне со Феран Торес и Жоао Феликс во нападот, помогнати од Кансело, кој се очекува да има поофанзивна улога од вообичаено.
На спротивната страна, кај Анчелоти повторно немаше преголеми изненадувања, Крос доби шанса во средниот ред, Модриќ почнува од клупата, а стратегот на Реал повторно се реши за формација со „лажна деветка“, и тоа одличниот Белингем, помогнат од Бразилците Винисиус и Родриго по крилните позиции.
СОСТАВИ
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Араухо, Балде, Мартинез, Гиндоган, Фермин, Гави, Кансело, Феликс, Феран Торес.
РЕАЛ: Кепа, Карвахал, Алаба, Ридигер, Менди, Крос, Валверде, Чуамени, Винисиус, Белингем, Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

