Состави за Ел Класико: Реал без Куртоа на голот, Барса со ударното трио на „Бернабеу“

Карло Анчелоти и Чави не приредија преголеми изненадувања во составите на Реал Мадрид и Барселона за првото овосезонско „Ел Класико“.

Единствен проблем за Анчелоти е неиграњето на првиот голман Куртоа, кој е повреден, што ќе значи нов старт за Лунин. Алаба и Милитао стартуваат во одбранбената линија, додека Ридигер ќе стартува од клупата за резерви. „Кралевите“ се решија за формација со згуснат среден ред и Бензема и Винисиус како најистурени во нападот, додека Родриго ќе чека шанса во второто полувреме.

На спротивната страна, одлична вест за Чави е што Кунде е максимално подготвен за настап и ќе го заземе местото во одбраната на Пике, кој одигра катастрофално против Интер во ЛШ. Каталонците ќе тргнат со своето ударно трио Рафиња – Дембеле – Левандовски, додека во средниот ред Френки де Јонг доби шанса пред младиот Гави, како партнер на Педри во организацијата на нападите на Барса на ова големо дерби.

РЕАЛ: Лунин, Карвахал, Алаба, Милитао, Менди, Модриќ, Крос, Чуамени, Валверде, Винисиус, Бензема.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Кунде, Гарсија, Балде, Бускетс, Педри, Де Јонг, Дембеле, Рафиња, Левандовски.

Се вчитува...