Составот на Македонија: Серафимов и Зајков се враќаат во дефанзивата, Муслиу отпадна во последен миг

Селекторот Благоја Милевски го одреди стартниот состав за мечот со Ерменија во Лигата на Нации во Ереван. Има неколку измени за разлика од минатиот меч со Летонија.

Така од првите 11 отпадна Висар Муслиу поради повреда, а се враќаат во дефанзивата Серафимов и Зајков. Исто така отпадна и Бабунски, па Милевски ја промени и формацијата, и ќе игра со 3-5-2 со Алиоски и Димоски со нешто поофанзивни задачи за разлика од дуелот со Летонците.

Еламс и Миовски исто така ќе бидат во нападот, додека во средината Барди, Алими и Атанасов, односно нема промени од последниот дуел во Рига.

И селекторот на Ерменија, Александар Петраков го објави составот:

Се вчитува...