Составот на Македонија за Молдавија: Нова улога за Чурлинов, во нападот Миовски и Ристовски

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, ги одреди првите 11 кои ќе играат на денешниот „тест“ против Молдавија во Анталија.

Милевски не отстапува од формацијата 3-5-2, но некои играчи имаат сосема нови улоги. Така на пример Дарко Чурлинов се најде на десната крилна позиција, но според тактиката, тој ќе треба да помага и во одбраната.

Првпат ќе се види Чурлинов во оваа улога во националниот тим, додека за Шалке во минатото играше и како бек. Исто така нова улога ќе има и Ахмет Илјазовски, кој ако со Ерменија во Струмица го гледавме во улогата на десен бек, сега ќе биде десен стопер во триото на дефанзивци пред голот на Димитриевски.

Во нападот покрај Миовски, селекторот Милевски се одлучи да му даде шанса на Милан Ристовски. Во средината се Барди, Елмас и Атансов, додека Алиоски оди на левата страна. Покрај Илјазовски, стопери се уште и Муслиу и Серафимов.

Се вчитува...