Специјалистот за тројки на Реал Мадрид, Џејси Керол е еден од најдобрите „шутери“ во Европа, кој во својата богата кариера реализира со успешност од 43%.
Двократниот шампион на Евролигата, во интересно интервју за шпански медиум во пресрет на Купот на Шпанија имаше интересен совет за младите кои започнуваат со кошарка.
„Првиот совет кој би го дал на дете кое започнува со кошарка е да не шутира тројки. Мораш да вежбаш основни работи се дур не ја усовршиш техниката, а тек потоа кога ќе собереш доволно сила, шутирај тојки. Мојот татко не ми дозволуваше да шутирам тројки се дур не наполнив 14 години. На 14, ми рече ‘Ајде, можеш’ и се се промени. Кога немаш доволно сила, се губи техниката“ – изјави Керол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА